Стопли ја душата

ТЕРМАЛНИ БАЊИ

Термални бањи

Почувствувај ја лековитата моќ на гевгелиските термално-минерални води! Во подножјето на Кожув, меѓу ретката и богата јасенова шума, ќе ги откриеш Негорските бањи. Посети го овој модерен здравствен и туристички ценар што нуди третмани и рехабилитација или само одмор и рекреација во модерните хотелски капацитети! Опкружи се со природата и дозволи си незаборавна релаксација!

Термална бања Негорци

Негорски Бањи се модерен туристички и здравствен центар за продолжен третман и
рехабилитација!
Локацијата на Негорски Бањи е на 3км од градот Гевгелија, на надморска висина од 60м. Во
подножјето на планината Кожуф, во богата и ретка јасенова шума која формира природен парк.
Податоци за благотворното дејство на минералните води од Негорски Бањи постојат уште од
далечната 1864 година а научните докази за лековитоста на водата датираат од 1954 година кога е
формирано бањското лекувалиште.
Ексклузивноста на Негорски Бањи се состои од лековитоста на минералната вода, која содржи
оптимални количества калциум, магнезиум, рубидиум, цезиум, радон и други минерали. Негорски
Бањи има два базени со минерална вода со температури од 37 и 40 степени целзиусови.
Бањскиот комплекс Негорски Бањи располага со три хотели Божур, Кала и Јасен во кои
квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости. Вкупниот сместувачки
капацитет е 134 соби во кои може да се сместат околу 280 лица.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija