Посети ја винаријата Јостела и препушти му се на уживањето во чаша добро вино со незаборавен поглед на прекрасните насади со винова лоза. Лоцирана на само 2 km од границата со Грција, во убавата Гевгелија, оваа винарија изградена во 2005 година е во целосна сопственост на семејството Гелебешев.
Винаријата Јостела поседува сопствени лозови насади на површина од 0.35 ha, има капацитет од 20.000 литри, а годишно произведува околу 15.000 шишиња вино. Твојот поглед ќе го измамат недогледните лозови насади од сортите Merlot и Cabernet Franc, а шесте видови вино што ги произведува Јостела (Жилавка, Rose, Cabernet Sauvignon, Merlot, Cuvée и Cuvée Rose – Nuit) уште со првата голтка ќе ти ја раскажат приказната за врвното грозје што зрее под топлото гевгелиско сонце.
Дојди и дегустирај ги вината на Јостела во тивок и опуштен амбиент, далеку од вревата на градот. Те очекува винско искуство што се памети цел живот!