Настани

Настани

„ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРА ЗА 2025“: MEСЕЧНА ПРОГРАМА ЗА НОЕМВРИ

„ТУНЕЛ НА ТРАДИЦИЈАТА“- МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПЕРФОРМАНС ШТО ЈА ОЖИВЕА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРНА И ЕТНОЛОШКА ОСТАВНИНА

Со послужување леб и сол како симболичен гест на добредојде, посетителите беа пречекани на отворањето на мултимедијалниот перформанс „Тунел на традицијата“, кој се одржа на 28 октомври 2025 година во Народниот театар- Гевгелија. Интердисциплинарниот настан, којшто опфати повеќе културни дејности, беше организиран од Етнокореолошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија. Повеќе >

МАЈСТОРСКИ КОНЦЕРТ НА ПИЈАНО: ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ ВО РОДНАТА ГЕВГЕЛИЈА

Глигор Гелебешев се претстави во родната Гевгелија со солистички концерт на пијано, гостувајќи во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Концертот се одржа на 26 октомври 2025 година, во хотел „Аполонија“, пред своја публика која со внимание и восхит го следеше настапот на познатиот македонски пијанист. Повеќе >

ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ЧИСТА КУЌА“ НА 28 ОКТОМВРИ ГО НАЈАВУВА ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА ТЕАТАРСКАТА ПРОГРАМА ВО РАМКИТЕ НА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2025 Г.“

На 28 октомври 2025 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, на сцената на Народниот театар во Гевгелија ќе биде изведена театарската претстава „Чиста куќа“ од Сара Рул, во превод и режија на Тамара Стојаноска. Претставата е во изведба на Народниот театар „Војдан Чернодрински“- Прилеп, а организацијата е на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во рамките на програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Гевгелија. Влезот е бесплатен. Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА СО ГОЛЕМИ УСПЕСИ НА 54. ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ФИЛM: ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „МАКЕДОНИЈА“ СО „ЛАЗАРЕНКИ“ ОСВОИ ГРАН ПРИ, А СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ЗАБЕЛЕЖА ПОВЕЌЕ ВИСОКИ НАГРАДИ

Филмската реконструкција „Лазаренки- реликвија на етничкиот предел Бојмија“, во продукција на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и под покровителство на Општина Гевгелија, освои „Гран при“- главната награда на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија (ДФНФ 2025), кој се одржа од 17 до 18 октомври во кино-салата во Виница. Авторската екипа се закити и со специјална награда за камера, која му беше доделена на Васко Трајков, што го потврдува високиот уметнички и технички квалитет на овој проект. Повеќе >

ВО ЧЕСТ НА ГЕНИЈОТ ОД ГЕВГЕЛИЈА, ПРОФ. Д-Р ТОМЕ МАНЧЕВ: МУЗИЧКА ВЕЧЕР НА СПОМЕН, ЉУБОВ И ВЕЧНО ЗВУЧЕЊЕ

Во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата 2025“, на 21 октомври, во салата на хотел „Аполонија“ во Гевгелија, беше одржан Концерт посветен на творештвото на еден од најзначајните македонски композитори и професори- проф. д-р Томе Манчев, роден токму во овој град. Настанот, исполнет со длабоки емоции и гордост, беше вистинска музичка ретроспектива на делото на човекот кој со својата музика ја збогати националната културна ризница. Повеќе >

УМЕТНОСТ ШТО ГО ПРЕОБЛИКУВА ПРОСТОРОТ- ИЗЛОЖБАТА „АПОТЕОЗА НА ПРЕДЕЛОТ“ НА КИРИЛ ГЕГОСКИ ОТВОРЕНА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Претставување на досегашното и рецентното творештво на реномираниот македонски уметник, Кирил Гегоски, чиј опус има забележителен успех во регионот и кој се смета за еден од битните автори на македонската постмодерна и современа уметност, беше основата на изложбата „Апотеоза на пределот“, свечено отворена на 20 октомври (понеделник) во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија со почеток во 19:00 часот. Настанот е организиран од ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во соработка со Националната галерија на Македонија и НУ Музеј- Гевгелија. Повеќе >

„ПРИЈАТЕЛИТЕ ОД ШУМИЧКАТА ЕКОЛО“: КУКЛЕНА ПРЕТСТАВА ЗА НАЈМАЛИТЕ ШТО ГИ СПОИ УМЕТНОСТА, ЕКОЛОГИЈАТА И ЉУБОВТА КОН ПРИРОДАТА

На сцената на Народниот театар во Гевгелија, на 17 октомври 2025 година, се одржа премиерата на куклената претстава „Пријателите од шумичката Еколо“ што ја подготвија учениците- членови на Драмската секција при ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија. Повеќе >

„ЈАС СУМ ДЕТЕ- ГИ ЗНАМ МОИТЕ ПРАВА“: ВЕСЕЛ МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ НА ПЛОШТАДОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРИРЕДЕН ОД НАЈМАЛИТЕ ВО ЈОУДГ „ДЕТСКА РАДОСТ“

На 10 октомври 2025 година, најмалите од ЈОУДГ „Детска радост“ го приредија музичкиот хепенинг „Јас сум дете- ги знам моите права“, со кој на креативен и забавен начин го одбележаа крајот на Детската недела. Градскиот плоштад во Гевгелија се претвори во шарена детска сцена исполнета со песни, насмевки и музика, каде дечињата ги презентираа своите кореографии, носеа транспаренти со пораки за детските права и цртаа на плоштадот, создавајќи живописни мотиви со креда кои го претворија просторот во вистинска детска уметничка галерија на отворено. На овој начин, најмладите потсетија дека секое дете има право на љубов, грижа, образование и среќно детство, како и на слобода да игра, учи и истражува. Повеќе >

ТРИ УМЕТНИЧКИ, ЕДНА ЗАЕДНИЧКA ТВОРЕЧКА ЦЕЛ- „СПЛОТУВАЊЕ“ НА КАРТОВА, ВЕЛКОВСКА И Ф. СТЕФАНОВСКА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 9 октомври, во фоајето на хотел „Аполонија“ во Гевгелија, беше отворена Ликовната изложба „Сплотување“, која ги обедини делата на трите уметнички- Розета Картова од Гевгелија, Ивона Велковска од Скопје и Катерина Филипоска- Стефановска од Тетово. Настанот привлече бројна публика, љубители на уметноста, колеги уметници и културни работници кои дојдоа да го споделат искуството на оваа уникатна изложба што го слави духот на поврзувањето. Повеќе >

ИГРА, УЧЕЊЕ И ДРУГАРСТВО: „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ НА ВЕСЕЛ ТЕАТАР- ПРИЛЕП ГИ ОСВОИ МАЛИТЕ ГЛЕДАЧИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

На 9 октомври 2025 година, на сцената на Народниот театар во Гевгелија, дечињата од предучилишна возраст уживаа во претставата „Пипи Долгиот чорап“, во изведба на Весел театар- Прилеп. Гостувањето на претставата е дел од повеќедневните активности обединети во програмата „Јас сум дете- ги знам моите права“ во организација на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, коишто се реализираат во рамки на Детската недела и е составен дел од културната програма на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Повеќе >

„ВИТЕЗОТ МОЛИВКО И УШТЕ НЕШТО ПОВЕЌЕ“ ПОВТОРНО НА СЦЕНА ЗА НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

На 8 октомври 2025 година, во Народниот театар во Гевгелија, во два термина- од 11:00 и 13:00 часот- беше реизведена театарската претстава „Витезот Моливко и уште нешто повеќе“, подготвена од Драмската секција за деца при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Настанот се реализираше во рамки на одбележувањето на Детската недела и манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“, со цел поттикнување на детското творештво и љубовта кон сценската уметност. Повеќе >

КОНЦЕРТ СО НАД 150 УЧЕНИЧКИ ГЛАСА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕТСКАТА НЕДЕЛА

На 7 октомври 2025 година, во Народниот театар во Гевгелија, над 150 деца ги пуштија своите гласови за одбележување на Детската недела, создавајќи концерт кој беше вистински спој на гласови во хармонична симфонија. Градскиот детски хор „Божилак“ и хоровите на гевгелиските училишта „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“ низ песна ја пренесоа пораката дека детските права се важни, исполнувајќи ја салата со радост и живост. Повеќе >

УСПЕШНО ЗАВРШЕН ТЕНИСКИОТ ТУРНИР „КРУНА ОПЕН 2025“ ВО ГЕВГЕЛИЈА - АЛЕКСАНДАР ГРУЈИЌ ОД ГЕВГЕЛИЈА ПОБЕДНИК

Во духот на спортот, фер-плејот и дружењето, на 4 и 5 октомври 2025 година, на тениските терени во спортскиот комплекс „Касарна“ во Гевгелија, се одржа традиционалниот Турнир во тенис „Круна опен 2025“, кој и оваа година помина во одлична атмосфера и со извонредна организација. Повеќе >

ДЕЦАТА ГИ НАСЛИКАА „БОИТЕ НА СРЕЌАТА“ ВО ПИОНЕРСКИ ДОМ- ГЕВГЕЛИЈА

По повод Неделата на детето, во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, на 6 октомври 2025 година, се одржа Ликовната работилница на тема „Боите на среќата“, како дел од програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Повеќе >

РИТАМ, ЕНЕРГИЈА И ЕДУКАЦИЈА – STREET DANCE ВО СРЦЕТО НА ГЕВГЕЛИЈА

Два дена (27-28 септември 2025 г.), Гевгелија се претвори во вистинска арена на уличната култура и танц, кога ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија ја пречека музиката, ритамот и енергијата на Street Dance Фестивалот. Настанот, организиран од Танцовото студио „Мистик“ како дел од програмата „Гевгелија град на култура за 2025 године“, привлече млади танчери од Гевгелија и Скопје, љубители на урбаните стилови и сите кои сакаат да се нурнат во светот на креативното изразување. Повеќе >

OКТОМВРИСКА ПРОГРАМА ЗА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРА ЗА 2025 ГОДИНА“

КУЛТУРЕН МОСТ НА РАЗЛИЧНОСТИ: „ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 80 МИНУТИ“- ТАНЦОВ СПЕКТАКЛ ШТО ГИ ДОПРЕ ГЕВГЕЛИЧАНИ

На 27 септември 2025 година, сцената во Народниот театар- Гевгелија стана место каде се случи нешто многу повеќе од танц. Тоа беше место на собирање, размена на емоции и силни пораки, место каде што танцот ја откри вистинската моќ да ги руши бариерите меѓу луѓето. Претставата „Пат околу светот за 80 минути“ на Студиото за танц „Еурека“ од Скопје, чие гостување беше организирано од Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија, беше вистински доказ дека уметноста може да го обедини светот, дури и кога сите сме различни. Повеќе >

ФОЛКЛОРНО ДЕЈСТВУВАЊЕ ШТО ПОВРЗУВА ГЕНЕРАЦИИ: СВЕЧЕН КОНЦЕРТ ПО ПОВОД 25 ГОДИНИ ЗКУД „НЕГОРЦИ“

На 27 септември 2025 година, во Младинскиот дом во Негорци, беше одржан голем фолклорен концерт по повод 25-годишниот јубилеј на ЗКУД „Негорци“. Овој значаен настан не само што ја одбележа четвртвековната традиција на ансамблот, туку и ја потврди неговата важност како чувар на македонскиот фолклор, кој преку музика и танц ги пренесува народните обичаи на новите генерации. Повеќе >

На 19 и 20 септември 2025 година, второто издание на Mултимедијалниот фестивал „АРТ УМ“ го претвори градот во сцена каде музиката, технологијата и визуелната уметност се испреплетеа во нов културен јазик. Организиран од Здружението „АРТ УМ 023“, Фестивалот е дел од програмата „Гевгелија град на култура 2025“, а неговото значење надминува рамки на еднократен настан- тој ја редефинира улогата на градот како културен центар. Повеќе >

18 СЕПТЕМВРИ: ГОСТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА СО КОНЦЕРТОТ „БАЈКА“

Септемвриската програма за „Гевгелија град на култура 2025 година“ продолжува со гостувањето на Филхармонијата на РСМ. Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, утре- 18 август 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде одржан концертот „Бајка“ под диригентската палка на Ана Кондратенко, која ќе се претстави и како солист на виолина. Концертот ќе започне во 20:00 часот, а влезот е слободен. Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА ВО СВОЈОТ НАЈЗВУЧЕН, НАЈВКУСЕН И НАЈКУЛТУРЕН ОБЛИК: „ВКУСИ ГО ЈУГОТ“- ТРИДНЕВНА ПРОСЛАВА НА ИДЕНТИТЕТОТ, ТРАДИЦИЈАТА И ГАСТРОНОМИЈАТА

Од 12 до 14 септември 2025 година, јужната порта на Македонија- Гевгелија, ја отвори не само границата, туку и својата душа, пречекувајќи илјадници посетители на третото издание на културно-гастрономскиот Фестивал „Вкуси го југот“. Повеќе >

15. БАСКЕРФЕСТ КАРВАН НА РАДОСТА И УЛИЧНАТА УМЕТНОСТ ОФИЦИЈАЛНО ЗАТВОРЕН ВО ГРАДОТ НА КУЛТУРАТА

На 6 септември 2025 година, Гевгелија како годинешен град на културата блесна со уличната уметност. Со почеток во 19:00 часот, Градскиот плоштад се претвори во сцена без граници, отворена за сите, под ведро небо, каде што уметноста и публиката дишат во ист ритам. Повеќе >

ПРВИОТ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА ВИОЛИНИСТКАТА ЕМИЛИЈА НИКОЛОВСКА- СИМБОЛ НА ПОЧЕТОКОТ НА АКАДЕМСКОТО ПОГЛАВЈЕ

На 4 септември 2025 година, во свечена атмосфера и пред бројна публика, во концертната сала на хотелот „Аполонија“ во Гевгелија, младата виолинистка Емилија Николовска одржа солистички концерт кој ќе остане длабоко врежан во музичката историја на градот. Повеќе >

ТРАДИЦИЈА, ВКУС И МУЗИКА: OД 12 ДО 14 СЕПТЕМВРИ, ГЕВГЕЛИЈА ДОМАЌИН НА 3. ФЕСТИВАЛ „ВКУСИ ГО ЈУГОТ“

Од 12 до 14 септември 2025 година, Гевгелија ќе биде домаќин на третото издание на Фестивалот „Вкуси го југот“ (Taste the south). Повеќе >

„ИМАГИНАЦИЈА“ НА ТАЊА ТРАЈКОВА: РОДЕНДЕНСКО ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА ШТО ГО СПОЈУВА РЕАЛНОТО СО ФАНТАСТИЧНОТО

Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 3 септември, во просториите на Уметничката галерија „Амам“, беше отворена четвртата самостојна Изложба на уметнички слики од Тања Трајкова, насловена „Имагинација“. Повеќе >

6 СЕПТЕМВРИ: СПЕКТАКУЛАРНО ФИНАЛЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА НА „БАСКЕРФЕСТ КАРВАН 2025“

На 6 септември 2025 година (сабота), со почеток во 19:00 часот, Градскиот плоштад во Гевгелија ќе биде местото каде што ќе се одржи големото финале на 15. издание на „Баскерфест Карван“. Повеќе >

„БОШ 2025“: СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ ЈА ОКУПИРАШЕ ГЕВГЕЛИЈА

На 29 и 30 август 2025 година, Гевгелија беше домаќин на 17. издание на „БОШ Фестивал“, кој и оваа година понуди јасна слика за тоа што значи културата да се доживее низ различни медиуми, во непосреден простор и надвор од институционалните граници. Организиран од ЗГ „Арт Еквилибриум“- Гевгелија, во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, Фестивалот се одржа на неколку градски локации, претворајќи ги во сцени за визуелна уметност, филм, музика и непосредна интеракција. Повеќе >

УМЕТНИЧКИ ДИЈАЛОГ ПРЕКУ ГРАНИЦИТЕ- ФИЈУК 2025 ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, тука се одржа ФИЈУК – Меѓународен книжевно-уметнички саем, кој го претвори овој граничен град во епицентар на културната размена и современото творештво. Организиран од Здружението на граѓани „Арт Еквилибриум“, во соработка со ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и со поддршка од Општина Гевгелија, ФИЈУК уште еднаш го потврди својот статус како регионална платформа што обединува книжевни и уметнички практики со отворен и инклузивен пристап. Повеќе >

НЕФОРМАЛНО, АВТЕНТИЧНО, СОВРЕМЕНО- „ВИР ФЕСТИВАЛ“ ДОНЕСЕ НОВ ФОРМАТ НА ГЕВГЕЛИСКИ КУЛТУРЕН НАСТАН

На 23 и 24 август 2025 година, месноста „Топлик“ кај Гевгелија оживеа со нова енергија и креативен дух преку првото издание на „Вир Фестивал“- дводневен настан што успеа да го претвори природното подножје на Кожуф во сцена за музика, уметност и искуство надвор од шаблоните. Повеќе >

СЕПТЕМВРИСКА ПРОГРАМА СО АКТИВНОСТИ ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРА ЗА 2025 ГОДИНА“

ОД БЕЛГРАД ВО ГЕВГЕЛИЈА: ИЗЛОЖБАТА „APIS ART" НА ЦВЕТКОВИЌ - ШЕСТОАГОЛЕН ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ УМЕТНОСТА И СВЕТОТ

На 26 август 2025 година, Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија го отвори својот простор за Изложбата на Филип Цветковиќ „Пчелна уметност - Apis Art“. Бројни културни работници, ликовни уметници, љубители на уметноста, дипломатски кор и функционери на државно и локално ниво искажаа интерес за Изложбата, присуствувајќи на отворањето и разгледувајќи ги изложените делата во Галеријата. Повеќе >

29 И 30 АВГУСТ: 17. БОШ ФЕСТИВАЛ СО БОГАТА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА

Пред публиката следува богата културно-уметничка програма составена од изложби, филмски проекции, видео-арт, визуелни инсталации, музички настапи и радио-програма, со цел да се прикаже современата уметничка сцена и нејзината разновидност. Повеќе >

МОНОДРАМАТА „ПРВО ЛИЦЕ ЕДНИНА“- ЕХО НА ЖЕНСКИТЕ СОНИШТА И БОРБИ

На 20 август 2025 година, платото пред Народниот театар во Гевгелија се трансформира во простор на емоции, соништа и драмска интензивност. Монодрамата „Прво лице еднина“, во режија на Драгана Гунин, а изведена од актерката Владанка Крстевски, ја прикажа сложената реалност на женската борба, личните избори и соништата што бараат храброст да се остварат. Повеќе >

29 АВГУСТ: ФИЈУК- МЕЃУНАРОДЕН КНИЖЕВНО-УМЕТНИЧКИ САЕМ ВО ГЕВГЕЛИЈА

На 29 август 2025 година (петок), со почеток во 17:30 часот, на платото пред Народниот театар во Гевгелија, ќе се одржи ФИЈУК- Меѓународен книжевно-уметнички саем, како дел од програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Повеќе >

26 АВГУСТ: ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ "APIS ART"

На 26 август 2025 година, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, ќе биде поставена самостојна изложба на фотографии на Филип Цветковиќ под наслов „Пчелна уметност- Apis Art“. Повеќе >

23-24 АВГУСТ: ДВОДНЕВЕН ВИР ФЕСТИВАЛ- МУЗИКА, УМЕТНОСТ И ПРИРОДА НА ЕДНО МЕСТО

На 23 и 24 август 2025 година, во месноста „Топлик“- Гевгелија, ќе се одржи Вир Фестивал, дводневен музички и уметнички настан во организација на ЗГ „Кемп Сајт“- Гевгелија. Повеќе >

СТАРОГРАДСКАТА ПЕСНА И МУЗИКА - ВЕЧНИ ЧУВАРИ НА ТРАДИЦИЈАТА: КОНЦЕРТОТ НА „РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ“ ЈА РАЗБУДИ ДУШАТА НА ГРАДОТ

На 18 август 2025 година, фоајето на Народниот театар во Гевгелија беше исполнето со звуците на најубавите староградски песни во изведба на Културно-уметничкото друштво „Распеани гевгеличани“, чии настапи се препознатлив белег на локалната културна сцена. Повеќе >

ИЗГРАДЕНИ МОСТОВИ НА ПРИЈАТЕЛСТВО ПРЕКУ ОРО И ПЕСНА: ВЕЧЕРЕН ФОЛКЛОРЕН КОНЦЕРТ ВО БОГОРОДИЦА

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура“, на 17 август 2025 година, во Младинскиот дом „Мите Танов- Коми“ во Богородица, се одржа незаборавна фолклорна вечер што собра бројна публика и љубители на традиционални игри и песни. Повеќе >

СПОРТСКО ЛЕТО 2025 ВО МИРАВЦИ: ЗАВРШИ ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „КМФ МЛАДИ“

Во Миравци, од 30 јули до 17 август 2025 година, се одржа традиционалниот Турнир во мал фудбал „КМФ Млади“, кој го организира ЗГ „КМФ Млади“- Миравци. Годинава, на Турнирот учествуваа 9 екипи во јуниорска категорија и 16 екипи во сениорска категорија, кои дојдоа од повеќе градови во Македонија. Повеќе >

20 AВГУСТ: МОНОДРАМА „ПРВО ЛИЦЕ ЕДНИНА“

На 20 август 2025 година, следува монодрамата „Прво лице еднина“ од репертоарот на НУЦК „Трајко Прокопиев“- Куманово. Изведбата ќе започне во 20:00 часот, пред платото на Народниот театар- Гевгелија. Настанот е во организација на ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Повеќе >

18 АВГУСТ: КУД „РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ“ СО КОНЦЕРТ НА СТАРОГРАДСКА ПЕСНА И МУЗИКА

Програмата за август, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, продолжува со Концерт на староградска песна и музика на Културно-уметничкото друштво „Распеани гевгеличани“, кој ќе се одржи денес (18 август 2025 година), со почеток во 21:00 часот, на платото пред Народен театар- Гевгелија. Повеќе >

АРТ ПЕРФОРМАНС „ПИСМА“- УМЕТНОСТА ИМА АДРЕСА И СТИГНУВА ДО СЕКОЈ ШТО САКА ДА ЈА ПРИМИ

На 14 август 2025 година, платото пред Народниот театар во Гевгелија се претвори во отворено уметничко ателје. Под светлата на летната вечер, меѓу хартиени пораки, шишиња со скриени мисли и запечатени ковертчиња, се одржа арт перформансот „Писма“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, дел од програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Повеќе >

МАРКО ЦЕПЕНКОВ ОЖИВЕА ВО ГЕВГЕЛИЈА: ИЗЛОЖБА НА МАТЕРИЈАЛНА КУЛТУРА И ФОЛКЛОР

На 12 август 2025 година, Фоајето на Народен театар- Гевгелија се претвори во вистинска патека низ македонската традиција. Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, беше отворена Изложбата на фотографии и етнографски предмети „Материјалната култура низ призмата на Марко Цепенков“. Повеќе >

14 АВГУСТ: АРТ ПЕРФОРМАНС „ПИСМА“ НА ЏИНОВА, СТАВРОВА И РИЗОВА ОД ГЕВГЕЛИЈА

Во рамките на програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија е организатор на арт перформанс „Писма“, кој ќе се одржи на 14 август 2025 година (четврток), со почеток во 21:00 часот, на платото пред Народен театар- Гевгелија. Повеќе >

12 АВГУСТ: ИЗЛОЖБА „МАТЕРИЈАЛНАТА КУЛТУРА НИЗ ПРИЗМАТА НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 12 август 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Фоајето на Народен театар- Гевгелија ќе биде отворена Изложбата на фотографии и етнографски предмети „Материјалната култура низ призмата на Марко Цепенков“. Повеќе >

31 ПРИКАЗНА ЗА РАЗЛИЧНОСТА- ОТВОРЕНА ВО ГЕВГЕЛИЈА ИЗЛОЖБАТА „ЖИВЕЈ СО СТИЛ - ПОДДРЖИ РАЗЛИЧНОСТИ“

Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 8 август 2025 година, во Уметничка галерија „Амам“, свечено беше отворена патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“. Овој настан беше исполнет со искрени емоции, силни пораки и барање за поддршка од локалната заедница, односно потреба од поголема инклузивност и прифаќање на различностите во општеството. Повеќе >

ПУБЛИКАТА ЈА ЖИВЕЕШЕ МАГИЈАТА НА „ЗИЈАН“- РОК-НОЌ ШТО СПОИ ГЕНЕРАЦИИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Гевгелија ја започна августовската програма за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ со настан кој долго ќе остане во сеќавање. На 7 август, под топлото летно небо и пред преполн Градски плоштад, настапи групата која е повеќе од музички состав- „Зијан“, вечниот белег и гордост на гевгелиската музичка сцена. Повеќе >

8 АВГУСТ: ИЗЛОЖБА НА 31 ПОРТРЕТ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, НУ Музеј- Гевгелија ќе биде домаќин на втората од серијата патувачки изложби насловена „Живеј со стил- поддржи различности“. Отворањето на Изложбата ќе се одржи утре- 8 август (петок), со почеток во 20:00 часот, во Уметничка галерија „Амам“. Повеќе >

7 АВГУСТ: КОНЦЕРТ НА РОК-ГРУПАТА „ЗИЈАН“ ОД ГЕВГЕЛИЈА

Августовската програма за „Гевгелија град на културата за 2025 година“ започнува со Концерт на рок-групата „Зијан“ од Гевгелија, којшто ќе се одржи утре- 7 август 2025 година (четврток), со почеток во 21:00 часот, на Градскиот плоштад во Гевгелија. Повеќе >

5. МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО БАСКЕТ „ИВАН ПЕНОВ“- СПОРТ, ЗАЕДНИШТВО И ВЕЧНА ПОЧИТ

Со свечено доделување на наградите, во присуство на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, и членовите на семејството на Иван Пенов, успешно заврши 5. јубилејно издание на Меморијалниот турнир во баскет „Иван Пенов“. Повеќе >

„ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРА ЗА 2025 ГОДИНА“: ПРОГРАМА ЗА АВГУСТ

ВО ГЕВГЕЛИЈА, НА 29 ЈУЛИ, ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ДЕЛА ОД 61. МЕЃУНАРОДНА (СТРУМИЧКА) ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Гевгелија ќе биде домаќин на Изложбата на дела создадени на 61. Меѓународна ликовна колонија 2024 година, што традиционално се реализира во Струмица. Изложбата ќе се отвори на 29 јули 2025 година (вторник), во Уметничката галерија „Амам“- Гевгелија, со почеток во 21:00 часот. Повеќе >

ПРЕКУ ТЕАТАР ДО ДОБРИНА: ПАТУВАЊЕ НИЗ „ЦАРСТВОТО НА ДРУГАРСТВОТО“

На 22 јули 2025 година, платото пред Народниот театар во Гевгелија се претвори во сцена на фантазија, смеа и искрена детска радост. Голем број дечиња заедно со своите родители беа дел од театарската претстава „Во царството на другарството“, изведена од Театар „Хит“- Скопје, во рамки на манифестацијата „Гевгелија- град на културата за 2025 година“. Повеќе >

ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА И КРЕАТИВНА КЕРАМИЧКА РАБОТИЛНИЦА: ГЛИНА ШТО ПОВРЗУВА- ПРИКАЗНА НА ЗАЕДНИШТВО И УМЕТНОСТ

На 18 јули 2025 година, во просториите на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, се одржа завршната изложба на керамички сувенири изработени во рамки на десетдневната креативна работилница под менторство на уметничката Гордана Николоска Петрова- академска вајарка и музејски копист, позната по својата посветеност на културното наследство и современата уметност. Повеќе >

22 ЈУЛИ: ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „ВО ЦАРСТВОТО НА ДРУГАРСТВОТО“

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“, на 22 јули 2025 година (вторник), со почеток во 21:00 часот, на платото пред Народниот театар во Гевгелија, ќе се одржи театарска претстава за деца со наслов „Во царството на другарството“, во изведба на Театар „Хит“- Скопје. Повеќе >

СОВРЕМЕН ЏЕЗ СО СВЕТСКИ ЗВУК: КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА САШО ПОПОВСКИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 15 јули 2025 година, платото пред Народниот театар беше претворено во отворена сцена на која се одржа концертната промоција на албумот STEPS од истакнатиот македонски гитарист Сашо Поповски. Настанот, организиран од Домот на културата, претставуваше едно од централните културни случувања во јулската програма на манифестацијата, привлекувајќи љубители на современата џез музика. Повеќе >

15 ЈУЛИ: КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА “STEPS“- ПРВИОТ АЛБУМ НА САШО ПОПОВСКИ ЗА “АRT MELODIES“

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија организира концертна промоција на првиот албум за “Art Melodies“ од истакнатиот македонски гитарист Сашо Поповски- STEPS. Настанот ќе се одржи на 15 јули 2025 година (вторник), со почеток во 21:00 часот, на платото пред Народниот театар во Гевгелија. Повеќе >

ИЗДАНИЕ НА ГЕВГЕЛИЈА ВО АКВАРЕЛНА БОЈА- ИЗЛОЖБА НА АНА ПЕТРОВА

Во духот на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 9 јули 2025 година, во пријатната атмосфера на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, се одржа изложба на младата уметничка Ана Петрова. Пред публиката се претстави со серија уметнички дела изработени во акварел техника, преточени во внимателно дизајнирани артпринтови, рачно изработени сувенири и разгледници со локални мотиви. Повеќе >

9 ЈУЛИ: ИЗЛОЖБА НА АНА ПЕТРОВА- АРТПРИНТОВИ, РАЗГЛЕДНИЦИ И СУВЕНИРИ ВО АКВАРЕЛ

Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, утре- 9 јули 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на ЈОУ Пионерски дом- Гевгелија, ќе се одржи Изложба на артпринтови, разгледници и сувенири во акварел од уметницата Ана Петрова. Повеќе >

7 - 17 ЈУЛИ: КЕРАМИЧКА РАБОТИЛНИЦА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НА 18 ЈУЛИ, ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА

Од денеска - 7 јули, заклучно со 17 јули 2025 година, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, холот на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ оживува со боите и формите на глината. Граѓани од различни генерации и со различни способности заедно ќе создаваат уметнички дела од овој жив материјал. Повеќе >

ЕТНОЛОШКАТА ИЗЛОЖБА НА ЗГ „МИРАВЧКА СВАДБА ЃУРА МАРА“ ГИ РАСКАЖА ПРИКАЗНИТЕ НА ПРЕДЦИТЕ

На 4 јули 2025 година, во просториите на Уметничката галерија „Аман“, се одржа отворањето на Етнолошката изложба организирана од Здружението на граѓани „Миравчка свадба Ѓура Мара“. Настанот привлече голем број посетители, љубопитни да го откријат богатството на македонската традиционална култура, претставена низ внимателно курирана етнолошка поставка. Повеќе >

ВИСТИНСКИ МЛАДИНСКИ МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ- ГИТАРА, БАС-ГИТАРА И ТАПАН ВО СОВРШЕНА ХАРМОНИЈА

Во рамките на културната манифестација „Гевгелија град на културата за 2025 година“, вечерта на 3 јули 2025 година, платото пред Народниот театар беше исполнето со звуци на музика, аплаузи и емоции. Завршниот концерт на Секцијата за гитара при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија претставуваше врвно музичко доживување за сите присутни и ја претвори жешката летна гевгелиска вечер во незаборавна уметничка приказна. Повеќе >

4 ЈУЛИ: ЕТНОЛОШКА ИЗЛОЖБА НА ЗГ „МИРАВЧКА СВАДБА ЃУРА МАРА"

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, утре (4 јули 2025 година), со почеток во 20:30 часот, во Уметничката галерија „Аман“ ќе биде отворена етнолошката изложба на Здружението на граѓани „Миравчка свадба Ѓура Мара“. Повеќе >

3 ЈУЛИ: ЗАВРШЕН КОНЦЕРТ НА СЕКЦИЈАТА ЗА ГИТАРА

Јулската програма за „Гевгелија град на култура за 2025 година“ започнува со посебен музички настан- Завршен концерт на Секцијата за гитара при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“-Гевгелија, којшто ќе се одржи на 3 јули 2025 година, со почеток во 20:00 часот. Концертот ќе се одржи на отворено, на платото пред Народниот театар- Гевгелија. Повеќе >

ЈУЛСКА ПРОГРАМА ЗА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРА ЗА 2025 ГОДИНА“

МЛАДИОТ ВИРТУОЗ НА ПИЈАНО ПАВИЌ ЈА ПОВЕДЕ ГЕВГЕЛИЈА КОН ОСВОЈУВАЊЕ НА МУЗИЧКИТЕ ЕПОХИ

Во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025“, на 26 јуни 2025 година, во хотел „Аполонија“ се одржа Пијано-концерт на младиот и веќе афирмиран пијанист Давид Павиќ „Од барок до романтизам“, поведувајќи ја Гевгелија кон освојување на музичките епохи. Концертот понуди програма што ги опфати клучните стилски периоди од историјата на класичната музика. Повеќе >

СТОТИЦИ ЧЕКОРИ И УМЕТНИЧКИ ЖАР НА ЗАВРШНИТЕ КОНЦЕРТИ НА „МИСТИК“

Со два спектакуларни концерта, исполнети со движење, енергија и сценски сјај, Танцовото студио „Мистик“- Гевгелија заокружи уште една извонредна сезона. На 24 и 25 јуни 2025 година, сцената на Народниот театар во Гевгелија беше преплавена со музика, светло и кореографии што ја покажаа целата креативна палета на Студиото, кое веќе години наназад претставува двигател на урбаниот танцов израз во регионот. Повеќе >

27 ЈУНИ: ВЕЧЕР НА ХОРСКА МУЗИКА

На 27 јуни 2025 година, три хора со членови на различни возрасти ќе имаат претставување во рамки на настанот „Вечер на хорска музика“, а дел од манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Концертот ќе се одржи во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, а влезот за публиката е слободен. Повеќе >

26 ЈУНИ: ПИЈАНО-КОНЦЕРТ НА ДАВИД ПАВИЌ „ОД БАРОК ДО РОМАНТИЗАМ“

На 26 јуни 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во хотел „Аполонија“ - Гевгелија ќе се одржи пијано-концерт на младиот пијанист Давид Павиќ, под наслов „Од барок до романтизам“. Концертот се реализира во организација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, како дел од програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Со избраниот репертоар, Павиќ ќе поведе на музичко патување низ четири значајни епохи од историјата на класичната музика. Повеќе >

НЕГОРЦИ- ДОМАЌИН НА ДЕТСКИ СМОТРИ: СПОЈ НА ГЕНЕРАЦИИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ДУХОТ НА ФОЛКЛОРОТ

На 21 јуни 2025 година, Негорци стана жива сцена на младешка енергија и народна традиција. Во дворот на ООУ „Ристо Шуклев“, на летната сцена и пред бројна публика, се одржаа Детските фолклорни смотри „На сред село...“- културно-уметничка вечер која се одржа во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025“ година, а ги спои генерациите од 13 ансамбли од различни краеви на Македонија во едно заедничко културно доживување. Повеќе >

ДВЕ ДОБРИ НОЌИ СО КРАТКИ ФИЛМОВИ

На 20 и 21 јуни 2025 година, љубителите на седмата уметност имаа ретка можност да уживаат во несекојдневно филмско доживување преку дводневниот настан под отворено небо „Кратки ноќи, добри филмови“. Во фокусот беа краткометражните филмови- селекција направена од Стефчо Стефанов- од светската и домашната продукција, наградувани на значајни фестивали. Прикажани беа кратки играни филмови, анимации и авторски експерименти кои допираа до длабоки теми- од човечката кревкост, преку апсурдите на секојдневието, до топли приказни полни надеж. Повеќе >

ДВА ЗАВРШНИ КОНЦЕРТА НА „МИСТИК“- 24 И 25 ЈУНИ

Танцово студио „Мистик“ и оваа година подготвува спектакуларна завршница на сезоната преку своите Годишни концерти, кои ќе се одржат на 24 и 25 јуни 2025 година (вторник и среда) во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот. Повеќе >

НЕГОРЦИ НА 21 ЈУНИ ПОДГОТВЕН ЗА ФОЛКЛОРЕН ПРАЗНИК: ДЕТСКИ ФОЛКЛОРНИ СМОТРИ „НА СРЕД СЕЛО...“

Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, селото Негорци и КУД „Негорци“ ќе бидат домаќини на Детските фолклорни смотри под наслов „На сред село...“, кои ќе се одржат на 21 јуни 2025 година (сабота), на летната сцена во дворот на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, со почеток во 19:00 часот. Повеќе >

ФОТОГРАФСКА ПРОШЕТКА НИЗ ДУХОВНОТО И ФОЛКЛОРНОТО НАСЛЕДСТВО СО ИЗЛОЖБАТА „ЦРКВИТЕ И МАНАСТИРИТЕ ВО ГЕВГЕЛИСКО“

На 18 јуни 2025 година, Перонот на Железничката станица во Гевгелија се претвори во несекојдневна галериска сцена со Изложбата на фотографиии „Црквите и манастирите во Гевгелиско“. На 17. изложени фотографии беше претставен спојот на духовноста и народната култура што го враќаат погледот назад- кон храмовите во Конско, Ума и Серменин со портрети во традиционална носија што некогаш биле нераскинлив дел од духовниот живот. Повеќе >

НА 20 И 21 ЈУНИ Е ВРЕМЕ ЗА „ДОБРИ НОЌИ КРАТКИ ФИЛМОВИ“

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да уживаат во дводневниот филмски настан „Кратки ноќи добри филмови“, посветен на краткометражниот филм како форма што со сè поголема сила го освојува вниманието на светската и домашната јавност. Повеќе >

ПОСТАВКАТА „ВРАЊЕ“- ФИНАЛЕ НА ФОЛКЛОРНАТА СЕЗОНА ЗА АНСАМБЛ „БОЈМИЈА“

На 16 јуни 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, Ансамблот за традиционални игри и песни „Бојмија“- Гевгелија го одржа својот трет и последен концерт од сезоната. На сцената настапија членовите во првиот состав и ветеранската група, со изведби што уште еднаш покажаа дека фолклорот во Гевгелија живее со полн здив. Повеќе >

ПИКНИК СО РИТАМ И БОЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА

На 15 јуни 2025 година, локалитетот „Динќут“ во Гевгелија беше претворен во вистинска оаза на дружење и културна разноликост. Под отворено небо и во пријатна природа, се одржа „Гевгелија на пикник“- рекреативно-забавен настан кој привлече голем број граѓани и љубители на музика и уметност. Повеќе >

ПИЈАНИСТИЧКА ВЕЧЕР СО МЛАДИ ТАЛЕНТИ ОД ФМУ

На 13 јуни 2025 година, концертната сала на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија беше домаќин на впечатлив пијано концерт, на кој настапија студентите од класата на вонредниот професор м-р Кристијан Каровски при Факултетот за музичка уметност -Скопје. Повеќе >

16 ЈУНИ: ФОЛКЛОРЕН КОНЦЕРТ НА ПРВИОТ СОСТАВ И ВЕТЕРАНИ ОД „БОЈМИЈА“

Ансамблот за традиционални игри и песни „Бојмија“ ќе го одржи својот трет и последен од серијата концерти за одбележување на успешната сезона, на 16 јуни 2025 (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Народниот театар во Гевгелија. Повеќе >

„ГЕВГЕЛИЈА НА ПИКНИК“- 15 ЈУНИ, НА ДИНЌУТ

Во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, Здружението на граѓани „АРТ УМ 023“ организира рекреативно-забавен настан под наслов „Гевгелија на пикник“. Повеќе >

13 ЈУНИ: КОНЦЕРТ НА ДУОТО СОКОЛОВ И КАБРАНОВА ФИЛИПОВА (САКСОФОН И ПИЈАНО)

Утрешната програма за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ продолжува со уште еден музички концерт на дуото Лазар Соколов (саксофон) и Емилија Кабранова Филипова (пијано). Повеќе >

13 ЈУНИ: ПИЈАНО КОНЦЕРТ НА СТУДЕНТИ ВО КЛАСАТА НА ПРОФ. КАРОВСКИ

Утре (13 јуни 2025 година), во концертната сала на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на студентите по пијано од класата на вонреден професор м-р Кристијан Каровски при Факултетот за музичка уметност во Скопје. Повеќе >

13. ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР: МЛАДИТЕ ПИЈАНИСТИ ОД РЕГИОНОТ ВО БИТКА ЗА ВРВОТ

На 10 и 11 јуни 2025 година, Гевгелија беше домаќин на 13. издание на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти, кој традиционално се одржува во организација на познатиот македонски пијанист и педагог Глигор Гелебешев. Повеќе >

ФОЛКЛОРЕН БИС ВО ГЕВГЕЛИЈА- НАЈМЛАДИТЕ ОД „БОЈМИЈА“ ЈА ПРЕЗЕНТИРАА ЉУБОВТА КОН ТРАДИЦИЈАТА

Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 11 јуни, во Народниот театар- Гевгелија, се одржа второто издание на Годишниот концерт на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија. Повеќе >

ГЕВГЕЛИСКАТА БИБЛИОТЕКА ЗА „ГРАД НА КУЛТУРА“ ГО ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПРАВОПИС

Во рамките на годинешната манифестација „Гевгелија град на културата“, на 5 јуни, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, свечено беше одбележана 80-годишнината од официјалното озаконување на македонскиот правопис – еден од темелите на националниот културен и јазичен идентитет. Настанот се одржа во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, со учество на истакнати личности од академската и културната сцена. Повеќе >

ВИСТИНСКИ МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ЗАВРШНИОТ КОНЦЕРТ НА СЕКЦИЈАТА ПО ТАПАНИ

На 10 јуни 2025 година, платото пред Народниот театар во Гевгелија се претвори во отворена сцена, на којашто младешкиот жар приреди вистински музички спектакл. Повеќе >

КОНЦЕРТОТ НА ТРИО „ДОЛЧЕ“- УЖИВАЊЕ ВО КАМЕРНОТО МУЗИЦИРАЊЕ

Внимателно одбраниот репертоар за Концертот на трио „Долче“, со којшто беа застапени композиции од: Бетовен, Менделсон, Глинка и Таневски, со голем интерес и уживање беше проследен од гевгеличани. На 10 јуни 2025 година, во концертната сала на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, Бранко Павловски на кларинет, Даниел Апостолов на фагот и Дарко Мариновски на пијано го одржаа својот концерт “Pro musica”, во рамки на богатата програма за јуни за манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Повеќе >

ФИЛИП ФИДАНОВСКИ „ГО ДОНЕСЕ“ ПИКАСО ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во уметничката галерија „Амам“- Гевгелија, на 10 јуни 2025 година, беше отворена изложбата „Пикасо можеби јас 2“ на истакнатиот уметник Филип Фидановски, која претставува значаен дел од програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Повеќе >

„КАЛИНКА 2025“ ГО ОБОИ ГРАДОТ НА КУЛТУРАТА СО ДЕТСКАТА УМЕТНОСТ

23. издание на Детскиот музички фестивал „Калинкиа 2025 година“ ја обои првата недела од јуни со детска песна, игра, радост, смеа, култура и интернационално пријателство. Повеќе >

ВТОР ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ДЕТСКИТЕ ГРУПИ НА АНСАМБЛ „БОЈМИЈА“- 11 ЈУНИ

Утре (11 јуни 2025 година), во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, ќе се одржи второто издание на Годишниот концерт на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија. Повеќе >

КНИЖЕВНА ПРЕГРАТКА ПОМЕЃУ ГЕВГЕЛИЈА И НОВИ САД

На 3 јуни 2025 година, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“, во хотел „Аполонија“, беше домаќин на значаен литературен настан- промоција на Меѓународната антологија „Нов духовен мост“, во чии рамки гостуваа членови на Друштвото на новосадски книжевници. Повеќе >

ЗАВРШЕН КОНЦЕРТ НА СЕКЦИЈАТА ПО ТАПАНИ - 10 ЈУНИ

На 10 јуни 2025 година, со почеток во 20:30 часот, на платото пред Народниот театар во Гевгелија, ќе се одржи Завршниот концерт на Секцијата по тапани, којашто функционира во рамки на културните активности на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Повеќе >

10 ЈУНИ: ИЗЛОЖБА НА КЕРАМИКИ ОД Ф. ФИДАНОВСКИ „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС 2“

Во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, утре (10 јуни 2025 година), во уметничката галерија „Амам“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена Изложба на керамики од Филип Фидановски- „Пикасо можеби јас 2“. Повеќе >

10 - 11 ЈУНИ: МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ЗА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ

Од утре (10 јуни 2025 година), во Гевгелија започнува традиционалниот Меѓународен натпревар за млади пијанисти, во организација на познатиот македонски пијанист родум од Гевгелија - Глигор Гелебешев. Повеќе >

9 ЈУНИ: ЦЕЛОВЕЧЕРЕН КОНЦЕРТ НА ПИЈАНИСТКАТА ЈАСМИНА ТРАЈЧЕСКА

Вечерва (9 јуни 2025 година), со почеток во 20:00 часот, во Концертната сала на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, ќе се одржи целовечерен Концерт на пијанистката Јасмина Трајческа, како дел од богатата програма на Проектот „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Повеќе >

КОНЦЕРТ НА ТРИО „ДОЛЧЕ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА- 10 ЈУНИ

Во рамки на годинешната програма што ја одбележува Гевгелија како град на културата, утре- 10 јуни 2025 година, во 20:00 часот, во Концертната сала на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, ќе се одржи целовечерен Концерт на трио „Долче“- “Pro Musica”. Повеќе >

КНИЖЕВНАТА ФАНТАСТИКА- РЕАЛНОСТ ЗА НАЈМЛАДИТЕ СО ПРЕМИЕРАТА НА „ВИТЕЗОТ МОЛИВКО И НЕШТО ПОВЕЌЕ“

Сцената на Народниот театар во Гевгелија стана место каде што книжевната фантастика преку драма се претвори во реалност за најмалите. Малите актери од Драмската секција при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“, на 4 јуни 2025, успешно се претставија со премиерата на претставата „Витезот Моливко и нешто повеќе“, оставајќи силен впечаток врз присутните со својата искреност, енергија и талент. Повеќе >

ОД 6 ДО 8 ЈУНИ, ГАЛА КОНЦЕРТИ НА „КАЛИНКА 2025 ГОДИНА“

По успешно реализираните предфестивалски концерти посветени на најмладите- децата од основните училишта и градинките во општина Гевгелија, Фестивалот на детска песна „Калинка 2025“ продолжува со својата главна програма. Повеќе >

КОНЦЕРТ НА УЧЕНИЦИТЕ ПО ФЛЕЈТА И КЛАРИНЕТ- 5 ЈУНИ

Продолжуваат активностите на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија во рамки на програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година. Повеќе >

4 ЈУНИ: ПРЕМИЕРА НА ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „ВИТЕЗОТ МОЛИВКО И НЕШТО ПОВЕЌЕ“ ВО ИЗВЕДБА НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА ЗА ДЕЦА

На 4 јуни 2025 година, дечињата од Драмската секција ќе ја прослават својата успешна учебна година со премиерна изведба на театарската претстава за деца „Витезот Моливко и нешто повеќе“, во продукција на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА НА 3 ЈУНИ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ДРУШТВОТО НА НОВОСАДСКИ КНИЖЕВНИЦИ СО ПРОМОЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНАТА АНТОЛОГИЈА „НОВ ДУХОВЕН МОСТ“

На 3 јуни 2025 година, во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија организира гостување на Друштвото на новосадски книжевници и промоција на Меѓународната антологија „Нов духовен мост“. Повеќе >

ОД 2 ДО 5 ЈУНИ, ПРЕДФЕСТИВАЛСКИ КОНЦЕРТИ НА 23. ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ „КАЛИНКА 2025 ГОДИНА“

„РАСПЕАНА ЧАРШИЈА 2025“- ТРАДИЦИЈА НА СПАСОВДЕНСКОТО ЧЕСТВУВАЊЕ

Со „Распеана чаршија“- традиционална вечер на староградската песна и музика, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, заврши чествувањето на Спасовден 2025 година. Повеќе >

ПРОГРАМА ЗА ЈУНИ „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА“

ГЕВГЕЛИЈА НИЗ ИСТОРИЈАТА И СЕГАШНОСТА: ПРОМОВИРАНИ ДОКУМЕНТАРНИТЕ ФИЛМОВИ „МОЈА ГЕВГЕЛИЈА“

Низ окото на Здружението на граѓани „Од станица до граница“, со видеорепортажи беше претставена Гевгелија. Повеќе >

ПАНАЃУРСКАТА НОЌ ВО РИТАМОТ НА КУЛТУРАТА- ТАНЦ И ЏЕЗ ПОД ЅВЕЗДИТЕ НА ГЕВГЕЛИЈА

По повод чествувањето на заштитникот на градот – Св. Спас, на 28 мај 2025 година, Гевгелија, на денот на панаѓурот, Општина Гевгелија ја прослави својата слава со културна вечер исполнета со танцова уметност и врвна џез-музика. Повеќе >

КЕРАМИКА, КУЛТУРА, КРЕАЦИЈА- „ЕТНО ПАНАЃУР“

На 26 и 27 мај 2025 година, во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025“ и во чест на празникот Спасовден, ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија ги отвори вратите за љубителите на традицијата, уметноста и занаетчиството, со одржувањето на уникатниот културен настан „Етно панаѓур“. Повеќе >

„РАСПЕАНА ЧАРШИЈА“ ЌЕ ГО ЗАОКРУЖИ ЧЕСТВУВАЊЕТО НА СПАСОВДЕН

Културното чествување на Вознесение Христово- Спасовден 2025 година, во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, ќе заврши со одржувањето на традиционалната вечер на староградски песни и музика „Распеана чаршија“. Повеќе >

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ДЛУГ ЗА СПАСОВДЕН 2025- 29 МАЈ

Вкупно 19 дела на 18 ликовни уметници од Гевгелија, утре (29 мај 2025 година), ќе бидат изложени во Уметничката галерија „Амам“. Повеќе >

УТРЕ (29 МАЈ): ПРОМОЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ „МОЈА ГЕВГЕЛИЈА“

Во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, како и културното чествување на Спасовден 2025 година, утре (29 мај 2025 година), ќе се одржи промоција на документарни филмови „Моја Гевгелија“. Повеќе >

КУЛТУРНО ЧЕСТВУВАЊЕ НА СПАСОВДЕН 2025 ГОДИНА

ДЕТСКАТА ЉУБОВ КОН ФОЛКЛОРОТ ОДБЕЛЕЖАНА СО ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“

Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија го одржа својот Годишен концерт на детските групи до 15 години, кој се одржа на 26 мај 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија. Повеќе >

„ЃУРА МАРА“- ТРАДИЦИЈАТА ПОСИЛНА И ОД ВРЕМЕТО

Фолклорниот концерт „Ѓура Мара“ ѝ пркосеше на времето, кое не се смилува неговото одржување да биде на отворено. И покрај неповолните временски услови, манифестацијата успешно се одржа во Домот на културата во Миравци, на 24 мај 2025 година, каде што продолжи вековната традиција на миравчани да ја слават љубовта, истрајноста и народниот дух, преточени низ легендата за Мара и Ѓуро. Повеќе >

ДВОДНЕВЕН „ЕТНО ПАНАЃУР“- 26 И 27 МАЈ

На 26 и 27 мај 2025 година, ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, организира уникатен културен настан „Етно панаѓур“. Повеќе >

НА 26 МАЈ ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ДЕТСКИТЕ ГРУПИ НА АНСАМБЛ „БОЈМИЈА“

На 26 мај 2025 година, во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на традиционалната музика и фолклорот ќе имаат можност да уживаат во уште еден значаен културен настан- Годишниот концерт на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија. Повеќе >

„ЃУРО МАРА“ НА 24 МАЈ, ВО МИРАВЦИ

На 24 мај 2025 година, со почеток од 19:30 часот, на платото пред Домот на културата во Миравци, во организација на КУД „Танец“- Миравци, ќе се одржи фолклорната вечер „Ѓуро Мара“. Повеќе >

ОДРЖАНО 3. ИЗДАНИЕ НА „ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛОТЛОН“

АМД „Дичо Панов“- Гевгелија и годинава собра 47 вљубеници во спортот кои се натпреваруваа на 3. по ред „Гевгелиски велотлон“, којшто се одржа на 18 мај 2025 година, на патеката „Курија“ во близина на Негорските Бањи. Повеќе >

„ИЗВОРНИК“- СИМБИОЗА НА ПОЕЗИЈА И МУЗИКА

На 13 мај 2025 година, во холот на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, се одржа поетско-музичкиот настан „Изворник“ што беше посветен на роднокрајниот поет и професор по македонски јазик и литература, Илија Карајанов. Повеќе >

13 МАЈ Е ДЕН ЗА МУЗИКА И ПОЕЗИЈА- НАСТАПИ НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА, СЕКЦИЈАТА ЗА ГИТАРА И ДЕТСКИОТ ХОР „БОЖИЛАК“

Со поетско-музичката манифестација „Изворник“ продолжува мајската програма во рамките на „Гевгелија град на култура 2025“. Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПРВПАТ ДОМАЌИН НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

На 10 мај 2025 година, Општинската организација на Црвен крст на Гевгелија беше домаќин на Регионалниот натпревар по прва помош, на темата „Прва помош во училишна средина“. Повеќе >

„ГЕВГЕЛИСКА ВЕЗИЛКА“ ЈА ИСПЛЕТЕ ПРВАТА НИШКА НА НОВА ФОЛКЛОРНА ТРАДИЦИЈА

Со свечено дефиле, зурли, тапани, песни и ора, Гевгелија викендов пулсираше во ритамот на традицијата, славејќи го одржувањето на 1. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Гевгелиска везилка“. Повеќе >

10 МАЈ: МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ГЕВГЕЛИСКА ВЕЗИЛКА“

На 10 мај 2025 година, во Гевгелија ќе се одржи Меѓународен детски фолклорен фестивал „Гевгелиска везилка“. Повеќе >

ПРОГРАМА ЗА МАЈ СО НАСТАНИ ЗА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА“

ПРОГРАМА ЗА МАЈ СО НАСТАНИ ЗА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА“ Повеќе >

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ГО 8 МАЈ ЗА „ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ“- ХИТ КОМЕДИЈА НА НУ ТЕАТАР „ЏИНОТ“- ВЕЛЕС

На 8 мај 2025 година (четврток), по повод „Гевгелија град на културата за 2025 година“, во Народниот театар- Гевгелија, ќе гостува НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ со претставата „Вечера за глупаци“. Изведбата ќе започне во 20:00 часот, а влезот е слободен. Повеќе >

КОНЦЕРТ НА ВИОЛИНИСТКАТА БОЖАНА ГОШЕВА- 7 МАЈ 2025

Утре (7 мај 2025 година), во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, следува Концерт на Божана Гошева- виолина во пијано-придружба на Весна Ангелова Христов. Повеќе >

ЕТНОЛОШКА ИЗЛОЖБА „РИЗНИЦА НА НАРОДНИ НОСИИ“ - 5 МАЈ, УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА „АМАМ“

НУ Музеј- Гевгелија во соработка со Андреј Проданов организира етнолошка изложба „Ризница на народни носии“. Повеќе >

ЗАВРШИ 2. ИЗДАНИЕ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО БАСКЕТ 3Х3 „ДИМИТАР ТУРТУРОВ - МИТЕ ТУТИ“

Во периодот од 25 до 30 април 2025 година, во Негорци, се одржа 2. по ред Меморијалниот турнир во баскет 3х3 во чест на прерано починатиот Димитар Туртуров - Мите Тути. Повеќе >

ФЛЕШМОБ СО ТАНЦ ЈА РАЗДВИЖИ ГЕВГЕЛИЈА- ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТАНЦОТ

Гевгелија, на 30 април 2025 година, пулсираше во ритамот на музиката и движењата, откако 200. ученика од 4. одделение од гевгелиските училишта учествуваа во флешмоб организиран по повод Меѓународниот ден на танцот. Повеќе >

СЛЕДЕН НАСТАН: БАЛЕТСКА ПРЕТСТАВА „ВЕЛЕГРАДСКИ ВАРИЈАЦИИ“ И НАСТАПИ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД БАЛЕТСКИОТ ОДДЕЛ ПРИ ГЕВГЕЛИСКОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ

На 26 април 2025 година (сабота), во Народниот театар- Гевгелија ќе биде изведена балетската претстава „Велеградски варијации“ од Љубомир Бранѓолица. Стартот е во 20:00 часот, а влезот чини 100 денари. Повеќе >

РИСТЕ ВЕЛКОВ СО РЕЦИТАЛ „МУЗИЧКИ МОЗАИК“ НА 25 АПРИЛ

Априлската програма за „Гевгелија град на култура 2025 година“ продолжува со рецитал на Ристе Велков „Музички мозаик“. Повеќе >

УТРЕ, ГОСТУВА „ПЕТОК 13“ ОД РЕПЕРТОАРОТ НА НАРОДЕН ТЕАТАР ПРИ НУЦК „АНТОН ПАНОВ“- СТРУМИЦА

Утре (четврток, 24 април 2025 година), во Народниот театар ќе гостува ансамблот од Народниот театар при НУЦК „Антон Панов“- Струмица со комедијата „Петок 13“. Повеќе >

РОМАНОТ „ПОВЕСТ ЗА РУШКА“ НА ОРТАКОВ ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАН ВО ГЕВГЕЛИЈА НА 22 АПРИЛ

На 22 април 2025 година, во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, ќе биде промовиран романот „Повест за Рушка“ од Драгослав Ортаков, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Повеќе >

УТРЕ (17 АПРИЛ), ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ НА ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“- ГЕВГЕЛИЈА

ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, ќе одржи Велигденски концерт. Повеќе >

НАДИЦА ПЕТРОВА СО МОНОКОМЕДИЈА ГОСТУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА НА 16 АПРИЛ

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, на 16 април 2025 година, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата“, ја носи Надица Петрова со нејзиното stand up шоу „Нада/ Натчето/ Надето и уште некое работи плус“. Повеќе >

„ЧОРБАЏИ ТЕОДОС“ НА 15 АПРИЛ, НА СЦЕНАТА ВО НАРОДНИОТ ТЕАТАР

Членовите на Драмската секција при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, на 15 април 2025 година, на сцената во Народниот театар- Гевгелија, ќе ја изведат театарската претстава „Чорбаџи Теодос“. Повеќе >

14 АПРИЛ: САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА СТЕФАНИ БРЛАМОВА „ТИШИНА ВО СЛИКИ“

Манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ продолжува утре (14 април 2025 година) со Самостојна изложба „Тишина во слики“ на Стефани Брламова. Повеќе >

ИМПОЗАНТНО СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРА ЗА 2025 ГОДИНА“

На 11 април 2025 година, Гевгелија свечено и импозантно го одбележа прогласувањето на градот за културна метропола и официјалното отворање на манифестацијата од национален интерес „Гевгелија град на културата 2025“. Повеќе >

СО ДЕФИЛЕ НАЈАВЕНИ КУЛТУРНИТЕ НАСТАНИ ЗА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА“

Над 150 дечиња, со дефиле почнувајќи од ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ до Градскиот плоштад и Стариот градски пазар во Гевгелија, на 11 април 2025 година, пред одржувањето на Концертот на Националниот џез оркестар, го означија почетокот на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Повеќе >

ОТВОРЕНА САМОСТОЈНАТА ИЗЛОЖБА НА АНА МИТЕВСКА „ПРИКАЗНИ ВО ТИРКИЗ- ИЗВОР НА ЖИВОТОТ“ ДО 20 АПРИЛ

На 11 април 2025 година, во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија, беше отворена Самостојната изложба на Ана Митевска, „Приказни во тиркиз - Извор на животот“. Повеќе >

МЕВЛЕМ МУЗИКА И ПОЕЗИЈА- УЖИВАЊЕ ЗА ГЕВГЕЛИЧАНИ

Проектот „Мевлем“ е уникатна симбиоза на музика и поезија, создадена од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој преку своите дела создава извонредна уметничка комуникација помеѓу звуците и зборовите. Повеќе >

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ГЕВГЕЛИЈА ПОРТА КОН ЕВРОПА“ ОД КИРЕ ЈАНИШЛИЕВ

На 8 април, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, беше промовирана книгата „Гевгелија порта кон Европа“ од политикологот и новинар, Кире Јанишлиев. Повеќе >

НА 12 АПРИЛ, 2. ПО РЕД "GEVGELIJA DENS FEST"

Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 12 април 2025 година, ќе се одржи Фестивалот “Gevgelija Dens 2025” година, во организација на Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија. Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА ОФИЦИЈАЛЕН СТАРТ НА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРА ЗА 2025“

Општина Гевгелија се подготви за свеченото отворање на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ на 11 април 2025 година. Повеќе >

11 АПРИЛ: СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА“ СО КОНЦЕРТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР

На 11 април 2025 година, со Концерт на Наџионалниот џез оркестар, ќе биде свечено отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Повеќе >

НАРОДНИОТ ТЕАТАР- ШТИП НА 10 АПРИЛ ЌЕ ГОСТУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА СО ПРЕТСТАВАТА „ЈАС, НА НЕКОЕ ДРУГО МЕСТО“

На 10 април 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде изведена театарската претстава „Јас, на некое друго место“ од репертоарот на Народниот театар при НУЦК „Ацо Шопов“- Штип. Повеќе >

9 АПРИЛ: МУЗИЧКО-ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНС НА МАРКО ВИДЕНОВИЌ И ТРИО „МЕВЛЕМ“

На 9 април 2025 година (среда), во Народниот театар- Гевгелија, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, гевгеличани ќе имаат можност да го проследат и да уживаат во музичко-поетскиот перформанс на Марко Виденовиќ и трио „Мевлем“. Настанот ќе започне во 19:30 часот. Повеќе >

АПРИЛ: MEСЕЧНА ПРОГРАМА ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА“

АПРИЛ: MEСЕЧНА ПРОГРАМА ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА“ Повеќе >

1 АПРИЛ: КОНЦЕРТ НА ПИЈАНО - ДУО „ГЕЛЕБЕШЕВИ“

На 1 април 2025 година, пијано - дуото „Гелебешеви“ ќе одржи концерт, во хотел „Аполонија“, со почеток од 19:30 часот. Повеќе >

НА 6 МАРТ, 27. ПО РЕД „ЗА ТЕБЕ ЉУБОВ МОЈА“

Поетско-музичката вечер „За тебе љубов моја“, на 6 март 2025 година, ќе го доживее своето 27. издание. Повеќе >

„ТАНГО ПРИКАЗНА“ НА 5 МАРТ, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

На 5 март 2025 година, во хотел „Аполонија“, со почеток во 19:00 часот, гевгеличани ќе имаат можност да уживаат во концертниот настан „Танго приказна“. Повеќе >

ОВАЦИИ ЗА КОМЕДИЈАТА „ВАНЧО“

Новата театарска претстава „Ванчо“, во изведба на ЗГ „Дон Кихот 95“- Гевгелија, предизвика голем интерес кај публиката. Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА ГИ ПРОМОВИРАШЕ СВОИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД

Општина Гевгелија со свој штанд учествуваше на годинешниот 46. Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија. Повеќе >

OДБЕЛЕЖАН СВ. ТРИФУН СО ЗАКРОЈУВАЊЕ НА ЛОЗЈЕТО ВО ЦРКАВА СВ. „ПЕТКА“ ВО ПРДЕЈЦИ

Свети Трифун - Денот на лозарите и годинава во општина Гевгелија беше одбележан со повеќе манифестации и свечености на лозовите плантажи. Повеќе >

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ДОМАЌИН НА КОШАРКАРСКИОТ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ БУШТУР“

Општина Гевгелија денеска во наредните два дена е домаќин на Кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски Буштур“ за 2025 година. Повеќе >

НОВА КОМЕДИЈА- ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ВАНЧО“ ВО ИЗВЕДБА НА ЗГ „ДОН КИХОТ 95“- ГЕВГЕЛИЈА

Театарска претстава „Ванчо“ во изведба на Здружението на граѓани „Дон Кихот 95“- Гевгелија. Повеќе >

ПРЕДВИДЕНИ 142 НАСТАНА ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ГЕВГЕЛИЈА ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА“

Гевгелија е град на културата за 2025 година. Повеќе >

ПРИКАЖУВАЊЕ НА ФИЛМОТ „НА СЕ ДОАЃА КРАЈ“

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија својата дејност во 2025 година ја започнува со прикажување на филмот „На сè доаѓа крај“ на 29 јануари 2025 година, со почеток во 19:00 часот. Повеќе >

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА И ГОДИНАВА ОРГАНИЗИРА ТРАДИЦИОНАЛЕН НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

За дочекот на 2025 година, Општина Гевгелија и годинава подготви богата музичко-забавна програма. Повеќе >

„ТОПЛИК“ УРЕДЕН ВО СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР

Со уредувањето на месноста „Топлик“ во спортско-рекреативен центар, општина Гевгелија доби уште еден простор за спорт, одмор и рекреација на сите граѓани. Повеќе >

И ОВАА ГОДИНА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ОРГАНИЗИРА НОВОГОДИШЕН БАЗАР; СЕ ПОВИКУВААТ ИНСТИТУЦИИТЕ, ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРАЃАНИТЕ ДА ПРИЈАВАТ УЧЕСТВО

НА 17 НОЕМВРИ, ПО 5. ПАТ „ГЕВГЕЛИЈА НА ТОЧАК“

Во Гевгелија следи уште еден спортски настан што Здруженијата на граѓани „Чејнџмејкерс“ и „Гевгелија Точак Клуб“ го организираат по повод Општинскиот празник- 7 Ноември. Повеќе >

“November run 2024”

Следувааат спортските активности од Седмоноемвриската програма по повод Општинскиот празник. Повеќе >

ОСУМДНЕВНА БОГАТА ПРОГРАМА ЗА ОПШТИНСКИОТ ПРАЗНИК- 7 НОЕМВРИ И 80 ГОДИНИ СЛОБОДНА ГЕВГЕЛИЈА

Општинскиот празник- 7 Ноември, Општина Гевгелија ќе го одбележи со богата програма. Повеќе >

ОДРЖАНО 2. ИЗДАНИЕ НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „СИТЕ УФ СЕРМЕНИН“

ГЕВГЕЛИЈА БЕШЕ ТРИ ДЕНА ДОМАЌИН НА ФЕСТИВАЛОТ „ВКУСИ ГО ЈУГОТ“

Во одлична атмосфера помина одржувањето на 2. по ред Фестивал „Вкуси го југот“, пред Градскиот пазар, во Гевгелија. Три дена (13, 14 и 15 септември 2024 година), голем број присутни ја проследија богатата културно-уметничка програма и вкусија традиционалната гастрономска понуда преку правењето ајвар, печењето ракија и варењето слатко од смокви. Повеќе >

ВТОРО ИЗДАНИЕ НА "TASTE THE SOUTH - ВКУСИ ГО ЈУГОТ“- ФЕСТИВАЛ ВО ГЕВГЕЛИЈА

РЕПЕРТОАР НА НАСТАНИ ОД „ГЕВЕЛИСКО КУЛТУРНО ЛЕТО“ ВО АВГУСТ

ЈУЛСКА ПРОГРАМА ЗА „ГЕВГЕЛИСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2024“

ЕВРОПСКОТО КИНО ДОПАТУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во рамки на „Гевгелиско културно лето 2024“, гевгеличани во два дена ги проследија филмовите под отворено небо од Европското патувачко кино. Повеќе >

ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА ПЛОШТАДОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА - 𝐄𝐔𝐑𝐎𝐏𝐄 𝐃𝐀𝐘 𝟐𝟎𝟐𝟒

Започнаа подготовките за одбележување на Денот на Европа, во организација на Еurope House, а во соработка со Општина Гевгелија. Повеќе >

ВО ГЕВГЕЛИЈА, ОДРЖАНО ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ОД М-18 ЛИГАТА

Изминатите неколку дена, во спортската сала „26 Април“, се одржа „Фајнал фор“ првенството од М-18 лигата, со што Гевгелија уште еднаш беше спортски центар на кошарката. Повеќе >

„ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛОТЛОН 2024“

По вторпат во општина Гевгелија се одржа спортскиот настан „Гевгелиски велотлон“, во организација на АДМ „Гевгелија“- Гевгелија. Повеќе >

„ЃУРА МАРА“- ЧУВАР НА МАКЕДОНСКАТА И МИРАВЧКА ТРАДИЦИЈА

На третиот ден од Велигден, во Миравци, се собраа голем број жители и гости од околијата да ја проследат фолклорната манифестација „Ѓура Мара“ што традиционално ја организира КУД „Танец“ од Миравци. Повеќе >

СПОРТСКО-КУЛТУРЕН НАСТАН „ОСТАНИ БЕЗ ЗДИВ“ ПОСВЕТЕН НА ЃУРГИЦА ЌАЕВА

Со спортско-културен настан, во Гевгелија, се одбележа 5 Мај- Светскиот ден на Пулмоналната хипертензија, во организација на Асоцијацијата на Пулмонална хипертензија „Момент плус“- Гевгелија Повеќе >

ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ ОДРЖАНО ВО ГЕВГЕЛИЈА

Општина Гевгелија беше по првпат домаќин на Државното првенство во карате за деца на возраст од 10 до 14 години, на коешто учествуваа над 350 натпреварувачи од 48 клубови во Македонија. Повеќе >

АПРИЛИЈАДА 2024

И, годинава, Денот на шегата во Гевгелија беше одбележан традиционалната манифестација „Априлијада“, во огранизација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Повеќе >

НОВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ

Во Гевгелија за првпат се одржа Интернационалниот фестивал во модерен танц „Гевгелија Денс Фест“, во организација на Танцовото студио за модерни танци „Мистик“- Гевгелија. Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА ДОБИ НОВ УРБАН ГРАДСКИ ПАРК

ОДРЖАН ПРВИОТ ТУРНИР ВО ПИНГ-ПОНГ, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ППК „ГЕВДИОН“- ГЕВГЕЛИЈА

Новоформираниот Пинг-понг клуб „Гевдион“- Гевгелија ја започна својата работа со организирањето на првиот трунир во пинг-понг. Повеќе >

ОДБЕЛЕЖАН СВ. ТРИФУН СО ТРАДИЦИОНАЛНО ЗАКРОЈУВАЊЕ НА ЛОЗЈЕТО ВО ЦРКВАТА „СВ. ПЕТКА“ ВО ПРДЕЈЦИ

Свети Трифун - Денот на лозарите и годинава во општина Гевгелија беше одбележан со повеќе манифестации и свечености на лозовите плантажи Повеќе >

БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ 2024

Богојавление- Водици, во Гевгелија, беше одбележан со положување на чесниот крст во водите на реката Вардар. Повеќе >

СРЕЌНА НОВА 2024

ГОЛЕМ БРОЈ ГЕВГЕЛИЧАНИ ВО ПРЕКРАСЕН АМБИЕНТ ЈА ДОЧЕКАА ЗАЕДНИЧКИ НОВАТА ГОДИНА Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА ВО ПРЕДНОВОГОДИШНА И ПРАЗНИЧНА АТМОСФЕРА

Во Гевгелија, се почувствува предновогодишната атмосфера со украсувањето на градот. Амбиентот, годинава, е збогатен и со Новогодишен базар во организација на Општина Гевгелија. Повеќе >

ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 7 НОЕМВРИ - ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ГЕВГЕЛИЈА

7 НОЕМВРИ - ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ГЕВГЕЛИЈА Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА ГОРДА НА СПОРТСКИ ЕВРОПСКИ НАСТАН - „NOVEMBER RUN 2023“

Градот полн со луѓе, децата радосни и насмеани, угостителските објекти полни, сместувачките капацитети без ни едно место, со еден збор, овој настан беше полн погодок за нашиот град! Секоја чест на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември" кој буквално даде се од себе за денешниот настан да помине во најдобар ред. Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА ДОМАЌИН НА СИМПОЗИУМ ЗА РАЗВОЈ НА СТОМАТОЛОГИЈАТА КАКО МЕДИЦИНСКА ГРАНКА

Во нашиот град присуствуваат голем број еминентни доктори и специјалисти од областа на стоматологијата, претставници на Македонското имплантолошко здружение и над 300 учесници. Повеќе >

ЧЕСТИТ ЈУБИЛЕЈ - 100 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ И НЕКА Е ВЕЧЕН ФК КОЖУФ !

Фудбалскиот Клуб Кожуф од Гевгелија низ годините има оставено огромен белег кај сите нас. Еден век фудбал во Гевгелија период во кој голем број фудбалски легенди и спортски работници беа дел од овој спортски колектив и истите направија ФК Кожуф денес со гордост да го доживее овој јубилеј - 100 години постоење. Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА ДОМАЌИН НА СЕМАКЕДОНСКИОТ ПРАВОСЛАВЕН СОБОР - АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. СТЕФАН ЈА ОТСЛУЖИ СВЕТАТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА

По повод празникот „СОБОР НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ СВЕТИТЕЛИ" во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија се отслужи Света Божествена Литургија. Повеќе >

ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПРВ ПАТ ГО ОРГАНИЗИРАШЕ „TASTE THE SOUTH"- ВИКЕНД ПОЛН СО ЕМОЦИИ, ЗАБАВА И ДРУЖЕЊЕ

Фестивалот TASTE THE SOUTH - „ВКУСИ ГО ЈУГОТ" во Гевгелија со богата музичка програма и голем број на учесници кои ја презентираа гастрономската понуда од нашиот град и регионот. Повеќе >

саем ЛАГ ЕКСПО

Во Народниот театар Гевгелија беше одржан саемот ЛАГ ЕКСПО со учество на повеќе од 40 изложувачи кои се претставија со нивните локални производи и храна и кој доста го привлече вниманието на гевгеличани. Повеќе >

ПРОМОЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ГЕВГЕЛИЈА ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ „GEVGELIJA - SPICE UP THE JOURNEY“

На граничниот премин „Богородица“ каде веќе неколку недели се врши активна промоција на туристичките потенцијали на нашиот град. Повеќе >

КУЛТУРНО ЛЕТО

ГЕВГЕЛИЈА ДОБИ УШТЕ ЕДНА СПОРТСКА ПРИКАЗНА - ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛОТЛОН

Проектот „Гевгелија Вело град“, АМД Дичо Панов Гевгелија го спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, заедно со УНДП. Гевгелиски Велотлон претставува возење велосипед по off road патека, трчање и совладување препреки. Повеќе >

СВЕЧЕНА ЛИТУРГИЈА ПО ПОВОД СПАСОВДЕН - ВОЗНЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО ЗАШТИТНИК НА ГРАДОТ ГЕВГЕЛИЈА

На овој голем ден за нашиот град се одржа Светата Божествена Литургија по повод големиот христијански празник Вознесение Христово - Спасовден. Повеќе >

14 ПО РЕД „ТРАДИЦИОНАЛНА ТУРИСТИЧКО - ГАСТРОНОМСКА ИЗЛОЖБА НА АЛТЕРНАТИВНИ ФОРМИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ“ НА ФТБЛ ВО ГЕВГЕЛИЈА

„Гастрономска изложба 2023 година“, која оваа година се организира традиционално во Гевгелија од страна на Универзитетот "Гоце Делчев" од Штип Повеќе >

ПОВТОРНО СЕ РОДИ ДЕТСКИОТ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ „КАЛИНКА“ - ГЕВГЕЛИЈА БЕШЕ ПРЕСТОЛНИНА НА ДЕЦАТА, МУЗИКАТА И ИГРАТА

МАТУРАНТИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА ГО ОДИГРАА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАТУРСКИ ТАНЦ - КВАДРИЛ

На плоштадот во Гевгелија матурантите го одиграа традиционалниот танц квадрил, организиран под менторство на наставниот кадар од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. Повеќе >

КУД „ТАНЕЦ“- МИРАВЦИ ЈА ПРОДОЛЖУВА ВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА СО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА „ЃУРА МАРА“

ГЕВГЕЛИСКИОТ ПЛОШТАД ПОЛН СО НАСМЕВКИ - АПРИЛИЈАДА 2023

Во една прекрасна атмосфера на градскиот плоштад во Гевгелија со многу дечињабеше одбележан Денот на шегата. Повеќе >

Во Народниот Театар во Гевгелија во организација на ансамблот „Бојмија“ се оддржа традиционалниот новогодишен концерт.

Преубав настан во преубава атмосфера кој беше награден со громогласен аплауз од публиката. Негувањето на нашата традиција има огромно значење за идните генерации. Повеќе >

ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ГЕВГЕЛИЈА ПРЕКУ НОВАТА ТУРИСТИЧКА ПЛАТФОРМА ПРЕТСТАВЕНИ НА 44. САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД

Оваа година, Општина Гевгелија учествуваше на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија, кој се одржа од 23 до 26 февруари. Директно беа остварени средби со голем број потенцијални и заинтресирани туристи. Повеќе >

ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВ.ТРИФУН - НЕКА ГОДИНАТА БИДЕ ПЛОДНА И БЕРИЌЕТНА

во црквата Света Петка во населено место Прдејци со закројување на лозјето беше одбележан денот на лозарите Св.Трифун. Повеќе >

СРЕЌНА НОВА 2023 ГЕВГЕЛИЧАНИ!

СРЕЌНА НОВА 2023 ГЕВГЕЛИЧАНИ! Повеќе >

All rights reserved by Municipality of Gevgelija