„ТОПЛИК“ УРЕДЕН ВО СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР

Со уредувањето на месноста „Топлик“ во спортско-рекреативен центар, општина Гевгелија доби уште еден простор за спорт, одмор и рекреација на сите граѓани. Завршувањето на градежните работи за изградба на спортско-рекреативниот центар беше означено со свечено пуштање во употреба.
Проектот опфати поставување урбана опрема, односно спортско-рекреативниот центар кај месноста „Топлик“ располага со летниковци, клупи и масички за седење и корпи за отпадоци. Уредени се патеки за рекреација и поврзување на просторот, а е осветлен со канделаабри на сончева енергија.
Уредувањето на месноста „Топлик“ во спортско-рекреативен центар се реализираше преку Проектот: „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“, а импплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации- УНДП, а финансиски поддржан од Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа и Општина Гевгелија.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija