Гевгелија е град на културата за 2025 година. Оваа одлука ја потврди министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при работната посета во Гевгелија. – Ова признание не е само чест, туку и обврска. Тоа е потврда дека Гевгелија, со својата богатa културна традиција, повторно ќе биде во центарот на културните настани во Македонија. Министерството за култура и туризам ја поддржува оваа манифестација со цел да создадеме програма во текот на целата година, програма што ќе го освежи културниот живот во овој град. Гевгелија со својата локација и природни убавини привлекува бројни туристи. Сега, со статусот Град на културата, ќе понуди нови искуства, можности за уживање и дополнителни содржини за развој на туризмот- рече министерот Љутков. Предвидено да се реализираат 142 настана од областа на литературата, творештвото, ликовната, драмската, филмската и музичката уметност и фолклорот во текот на 2025 година, а во соработка со национални и локални културни институции, здруженија на граѓани и самостојни уметници.