ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА И ГОДИНАВА ОРГАНИЗИРА ТРАДИЦИОНАЛЕН НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

Покрај украсувањето на градот со разновидни содржини и Новогодишен базар во организација на Општина Гевгелија, новогодишната атмосфера во општина Гевгелија ќе биде збогатена и со традиционалниот новогодишен дочек на Градскиот плоштад. За дочекот на 2025 година, Општина Гевгелија и годинава подготви богата музичко-забавна програма. Граѓаните ќе имаат можност заеднички да ја испратат 2024 година со: концерт на Ефто Пупиновски и „Милениум бенд“, „Либра бенд“, „Европорта Фест“ во организација на Здружението „Внимание“- Гевгелија на кој ќе настапат млади музички таленти од општина Гевгелија со изведба на домашна и странска музика и настапот на Ѓорге Митров. Помеѓу настапите на музичките изведби, за изнудување смеа кај присутните на новогодишната забава, е задолжен гевгелискиот stand-up комичар, Дејан Малзарков, со неговото шоу „Диверзија“.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija