ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ДОМАЌИН НА КОШАРКАРСКИОТ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ БУШТУР“

Општина Гевгелија денеска во наредните два дена е домаќин на Кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски Буштур“ за 2025 година. Со одржување прес-конференција во Конгресниот центар на хотел „Аполонија“- Гевгелија, на којашто учествуваа претставници на КФМ и на гевгелискиот Кошаркарски клуб „Кожуф“, беше најавен распоредот и очекувањата за претстојните натпревари.
На овој Куп, силите ќе си ги одмерат дванаесет екипи, од коишто четири се екипи во женска конкуренција.

Четвртфиналните натпревари започнуваат денеска (13 февруари), во спортската сала „26 Април“. Први на паркетот, во 13:00 часот, ќе истрчаат екипите на ТФТ Скопје и Гостивар. Во 15:30 часот започнува дуелот помеѓу екипите на Пелистер и Чаир, а во вечерните термини, најнапред во 18:00 часот домаќинот Кожув се среќава со екипата на Куманово, додека за 20:30 часот е закажан дуелот на двете најтрофејни екипи, МЗТ Скопје и Работнички. Полуфиналните натпревари се играат во петок во термините од 18:00 и 20:30 часот, додека финалето на Купот е на програмата во сабота од 19:30 часот.
Во женска конкуренција, во полуфиналните натпревари се среќаваат Крива Паланка-ЖКК Вардар и Баскет Кам 2011- ЖКК Бадел 1862.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija