Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија го одржа својот Годишен концерт на детските групи до 15 години, кој се одржа на 26 мај 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија. Овој значаен настан беше дел од програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, а воедно и дел од културното чествување на празникот Вознесение Христово- Св. Спас, заштитникот на градот. Најмладите членови на Aнсамблот- децата до 15 години- со голема радост, посветеност и љубов кон фолклорот ја претставија својата годишна програма, изведувајќи традиционални македонски ора и песни од фолклорниот репертоар на Ансамблот.