На 10 мај 2025 година, Општинската организација на Црвен крст на Гевгелија беше домаќин на Регионалниот натпревар по прва помош, на темата „Прва помош во училишна средина“. На овој натпревар, кој за првпат, се одржа во Гевгелија, учествуваа екипи од ООЦК во Регион 1. Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжува да игра клучна улога во промовирањето на првата помош, особено во образовните институции, преку едукација и практична обука на младите генерации. Натпреварите од ваков тип не само што придонесуваат за развој на практични вештини кај младите, туку и ја поттикнуваат свеста за важноста од брза и правилна реакција при итни состојби.