ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА ПЛОШТАДОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА - 𝐄𝐔𝐑𝐎𝐏𝐄 𝐃𝐀𝐘 𝟐𝟎𝟐𝟒

🔶30 мај / 20:00 часот / Плоштад Гевгелија
Започнаа подготовките за одбележување на Денот на Европа, во организација на Еurope House, а во соработка со Општина Гевгелија.
На Градскиот плоштад во 18:00 часот, ќе започне Концертот на Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“- Гевгелија.
А потоа, со почеток од 20:00 часот🎵Заедно со оркестарот, на сцената ќе настапат познати македонски изведувачи кои со своите уникатни гласови ќе ги разбудат емоциите и ќе ја подигнат атмосферата, во изведба на најголемите 🇲🇰 рок песни. 🎸
🫱Настапуваат:
🎤Дани Димитровска
🎤Ружица Брчиоска (АРЕА)
🎤Јасна Димитровска
🎤Сашо Паркет
🎤Наде Талеска.
Граѓаните ќе имаат можност да бидат дел од незаборавниот музички настан, кој ќе ги обедини звуците на класичната музика и енергијата на рокот.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija